fbpx
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors
Search in posts
Search in pages
Search in posts
Search in pages

Медицината е наука која има многу прашалници пред себе во развојот и тоа неспорно се докажа во првите 22 години од 21 век. Но тоа не е толку важно колку што медицината е наука која му помага на човекот во племенитоста и развојот скоро од неговото постоење па се до денес и секогаш имала противници и следбеници и чувари.  Епизодата со Сашо Јандрески ќе биде во знакот на овие вторите и третите, на следбениците и чуварите на медицината и на тој лекарски дар што го има човекот да се лечи себеси и да лечи други. Со оваа епизода ќе ве потсетиме, а вие потсетете некој друг, и така ќе ги потсетиме сите на крајот, дека меѓу нас постојат вистински таленти и надарени луѓе со вистински хумани мотиви, да помогнат, да направат нешто за општо добро.   Постојат такви луѓе и меѓу нас ги има!  Да потсетиме дека некогаш е доволно само пофалба и убав збор за некој млад талент да го искачи следното скалило. Некогаш требаат финансии, некогаш институции, некогаш и револуции (најдобро е да се културни а не воени) се потребни, за да му се направи патот на талентите и да се пуштат да градат мостови кон помирен свет. Некогаш е потребно само малку повеќе внимание и ќе чуете што имаат да ви кажата тоа често е токму она што треба да биде кажано во некој момент.