
Најбројни се примерите на иселувања од Македонија во друга земја. Причините се воглавно тие дека таму некаде е почесно организиран системот, поеднакви се шансите за развој, образованието е вреднувано, многу повеќе се заработува, културата е сјајна, закон се почитува, здравствената услуга е подобра. Постојат стотици илјади такви примери, а многу малку има прикаски, каде што некој напушта некоја развиена земја некаде во светот и одлучува да се врати дома.
Ова е една таква, за двајца браќа македонци Кристиан и Михаил израснати во Австралија, кои се одлучуваат да го напуштат Сиднеј и да се доселат во село Зрзе за да покренат свое производство на јајца на фарма со пуштени кокошки на отворени пасишта одгледани во чиста и еколошка средина.