fbpx
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors
Search in posts
Search in pages
Search in posts
Search in pages

Во првиот прилепски поткаст, падна и првата цигара рачно посолена и на прст свиткана, како што е ред во градот на тутунот.

Поткаст епизода која би требало да им се пушта на студентите по глума на секаде по светот и тоа барем четитри пати годишно.

Овој човек цел свој живот вистински духовно патува низ ликови што ги игра од најмала возраст, после средношколски бендови со бунтовни идеи, преку полни прилепски улици до значајни филмови кои учествувале на светски престижни фестивали како оној во Берлин (со филмот “Мајки“ од Милчо Манчевски), па се до незаборавни театарски претстави за кои добивал и награди (2022г. најдобар актер за улогата на слугата Пеце во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки“).

Димитар Ѓоргиевски е еден од најталентираните претставници на неговата генерација македонски актери и сите ние што го правиме поткастот имавме среќа и чест Диме да ни биде и пријател и гостин и да ни зборува за глумата како за свој животен повик и да ни каже се што ни недостасуваше да знаеме за оваа магична професија.