
Сезона 2 започнува со гостување на Антонио Аранѓеловиќ (Tonyo San) Автор на некои од најзначајните андерграунд хип-хоп музички дела на македонски јазик, кои можеби не го смениле светот во кој настанале, ама затоа сигурно влијаеле на нас кои сме растеле со неговата музика, и ни биле инспирација да менуваме свои индивидуални светови. Стрип уметник со два стрипа позади себе, и со уште стотици идеи за нови стрип сцени во иднина, за нови прикаски, за нови ликови… Професор по ликовна уметност што секогаш ќе ви каже дека му е помило да го нарекуваат учител. Креативец што стално трагал по нови знаења, изрази, форми, вештини, искуства, па по најново можете да го видите и неговото прво авторско анимирано дело на неговиот канал, се работи за музичко видео за неговата последна песна. Човек што имавме чест да го дочекаме на дружба и муабет во Прилеп.