fbpx
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors
Search in posts
Search in pages
Search in posts
Search in pages

На гости кај ПрилеП4анец – Менде Младеноски – Банако | епизода 12

Првата сезона ја завршуваме овде, и на крајот не чекаат муабети за животот и историјата на едно староградско прилепско семејство, за историјата на една пицерија, за трансферот на спорстката култура од една генерација на друга,  за вистинското пријателство, за духот на градот, за карактерот на прилепчани, за животот онака течно…

На крајот не чека прилепчанецот кај кого ние од екипата која го реализираше подкастот бевме на гости секој ден дури ја снимавме првата сезона.

Ова е последната дванаеста епизода и за разлика од сите претходни, таа е настаната како резултат на помалку чуден сплет од околности. 

Поради трка со времето дури ја снимавме сезоната, во еден ден бевме приморани да  закажиме две снимања, и таа не баш паметна идеја на крај некако успеавме да ја реализираме. 

Ги снимивме и двете гостувања, и после второто снимање онака прилично истрошени сите од екипата се разлеавме секој на своето место, започнувајќи вообчаен разговор за материјалот што е снимен. Во тие моменти се појави  Менде Младеноски – Банако, домаќинот што ни дозволи да снимаме во ‘‘Пицерија Таверна 1990‘‘ која всушност преставува негов приватен домашен музеј. 

Човекот што од денот кога го пречекоривме  неговиот праг ни помагаше со секојдневни идеи и критики и со најразлилни технички решенија што само него му паѓаа на памет, дојде однадвор и со неколку вешти чекори се проби низ опремата до столицата на која седеа луѓето кои ни гостуваа на подкастот и од таму се вклучи во разговорот. 

Не поминаа ни десетина минути, кога свативме дека сите присутни со големо внимание го слушаме Банако, кај што ни разкажува како се одвивал ноќниот живот во неговата пицерија на почетокот од деведесетите години од минатиот век, и тогаш Игор членот од екипата вели дека ова мора да се сними, реагира брзо и ги вклучува камерите, и така снимаме трет подкаст во еден ден и ја добиваме оваа последна епизода за крај на првата сезона. 

А дали ќе имаме втора сезона ?

За некои прашања, нема брзи одговори…

Бескрајна благодарност и чест што Менде Младеноски – Банако заедно со неговата фамилија, ни ги отворија вратите од својот дом и не прифатија како свои домашни луѓе, и бескрајна почит до сите без кои овај подкаст немаше да ни се случи на сите нас.

Пријатели на подкастот:

Пицерија Таверна

https://www.facebook.com/Taverna-Club-1990-249468235467416

https://www.instagram.com/tavernaclub90/

Стоматолошка ординација ,,Караџоски‘‘.

https://www.facebook.com/dr.karadzoski

https://www.instagram.com/karadzoski__dental_office/

Трговина со здрава храна ,,Мое Пазарче‘‘

https://www.facebook.com/pazarchemoe

https://www.instagram.com/moepazarche/

Пекара Алекс

https://www.facebook.com/Pekara.Aleks

https://www.instagram.com/pekara_aleks/

Директор на фотографија и светло:

Бојан Илески  https://www.facebook.com/bojan.ilieski https://www.instagram.com/ilieskidp/

Дизајн на звук: Љупчо Тодорски  https://www.facebook.com/ltx.techno

Дизајн на лого:  Милан Димитриев  https://www.facebook.com/Milasin.D

Уметнички консултант: Ивана Темелкоска  https://www.facebook.com/ivana.temelkoska

Логистика: Менде Младеноски – Банако https://www.facebook.com/mende.mladenoski

Монтажа: Игор Караџоски   https://www.instagram.com/i_kar/

Водител: Далибор Ивановиќ https://www.facebook.com/dalibor.ivanovic.50/

Автори и продуценти на подкастот:

Љупчо Тодороски https://www.facebook.com/ljupcho.todoroski/

Игор Караџоски  https://www.facebook.com/i.KARadzoski

Далибор Ивановиќ  https://www.facebook.com/dalibor.ivanovic.50/